• OBLEPIKHA C-BERRICA / ВИТАМИН Ц ПЕНЛИВ ГЕЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ – 145 МЛ.

    Код за нарачка: 4743318103600

    ЧИСТЕЊЕ • ТОНИРАЊЕ
    ВИТАМИН Ц • ХИДРОЛАТ ОД ВОЛЧЈИ ТРН • АХА КИСЕЛИНИ

    Органското масло од волчји трн ја хидрира кожата и поттикнува создавање на колаген, структурален протеин кој е есенцијален за млада кожа. Сибирските бобинки се најбогатиот извор на Ц витамин. Овој гел за чистење е совршен за секојдневна употреба. Нежно ја чисти кожата оставајќи ви чувство на чистина и свежина. Органскиот хидролат од волчји трн поттикнува подобрување на целосната состојба на кожата, зголемувајќи ги еластицитетот и хидратацијата. Витаминот Ц го подобрува самостојниот природен, одбранбен механизам на кожата, забрзувајќи го обновувачкиот процес. АХА киселините ја подобруваат текстурата на кожата, оставајќи ве со изглед на посветол тен.

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете на влажно лице, масирајте, па потоа исплакнете.

  • ALOE VERA / ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО ПРОТИВ ИРИТАЦИИ - 100 МЛ.

    Код за нарачка: 5765228838785

    ЕГЕНЕРАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
    АЛОЕ ВЕРА • ГЛИЦЕРИН • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

    Органски гел од алое вера со хиалуронска киселина и хексапептид, кои го интензивираат формирањето на колагенот и еластинот. Ја храни и ѝ дава влажност на сувата кожа, а истовремено има и смирувачки карактеристики за дехидрирана и оштетена кожа. Фантастичен е за употреба после сончање и одличен за смирување на иритирана кожа од изгореници од сонце.

    95% состојки од органско потекло

    97% состојки од органско потекло, без вода и минерали

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете го на кожата и нежно масирајте до целосно впивање. Може да се користи по потреба, колку често сакате.

    СОСТОЈКИ (INCI): ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, GLYCERINE**, XANTHAN GUM, ACACIA SENEGAL GUM, SODIUM HYDROXIDE, CITRIC ACID, HYALURONATE, HEXAPEPTIDE-11, CITRUS AURANTIUM DULCIS PEEL OIL*, LIMONENE, PARFUM.

    (* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)

  • SENSIBLE SKIN / YOL’EAU ХИДРАТАНТЕН ГЕЛ ЗА ЛИЦЕ ЗА СЕНЗИТИВНА КОЖА – 40 МЛ.

    Код за нарачка: 3770002306581

    ХИДРАТАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
    КРАСТАВИЦА • ХИДРОЛАТ ОД РОЗА • АЛОЕ ВЕРА • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

    Yol’eau е хидратантен гел со органска краставица, специфично дизајниран за сензитивна, атопична и реактивна кожа. Неговата освежувачка гел текстура и внимателно одбрани состојки како цветни води, алое вера и краставица, ќе ја смират и хидрираат вашата кожа. Се погриживме секоја состојка од формулата да е што е можно понеутрална, за да не предизвикува воспаленија кај интолерантна кожа.

    Сензитивност кај кожата може да предизвикаат следниве причини: загаденост, стрес, генетика, преабразивна козметика итн.

    Хидролипидниот слој на кожата – главниот штит против воспаленија – ослабува, правејќи ја кожата ранлива. Како резултат, тој екстремно реагира на надворешни стресови: мала промена во температурата, може да стане вистинско тешко искуство. Црвенило, затегнатост, изгореници, лушпеста кожа (тој прекрасен термин, кој се користи кога кожата наеднаш почнува да се лупи, без буквално било каква причина!) итн.
    Исто така треба да се внимава и да се избегнува козметика која содржи хемикалии, или агресивни состојки: алкохол, сулфати, сурфактанти, синтетички есенцијални масла и фрагранции, кои само ги влошуваат симптомите на веќе ослабена кожа.

    Со ова на ум, гелот се состои од хидратантни, регенеративни, смирувачки и антииритантни активни состојки, како и дерматолошки тестирани на луѓе со сензитивна кожа. Како студент за пример, Yol’eau го помина тестот со разлика: добивајќи > 0 за реакција, без ниту еден од учесниците да искуси реакција (48ч оклузивен тест). Формулиран е со 99,5% природни состојки и повеќе од 50% од неговиот состав е органски! Додатно, неговата нежна миризба е природно добиена од создавачите на парфеми во Грасе, јужна Франција (органски сертифицирана фрагранција).

     YOL’EAU ВОДНИ МОЌНИ СОСТОКИ:
    - Органска краставица, со регенеративни, освежувачки и лековити својства. Богата со вода, помага да се заштити кожата благодарение на антиоксидантните ефекти. Добро толерирана од кожата, често се користи за да смири иритирана, или оштетена кожа.
    - Трио од цветни води (роза – невен – бел слез) со смирувачки, тонирачки и антивоспалувачки квалитети. Водата од роза особено се препорачува за сензитивна кожа благодарение на нејзините лекувачки квалитети, како и невенот и белиот слез, кои често се користат од фармацевтите за да смират воспаленија. Оваа вода за убавина исто така ја измазнува кожата и го остава вашиот тен со тониран и сјаен изглед.
    - Два типа на хиалуронска киселина: присуството на хиалуронска киселина, кое природно го има во нашата кожа, се намалува со стареењето. Таа гарантира кожа со одличен изглед; подобрува еластицитет, волумен и повеќе. Како таква, ја направивме YOL’EAU користејќи хиалуронска киселина со две различни молекуларни тежини: првата останува на површината на кожата за да ја зајакне нејзината природна бариера, помагајќи да ја задржи водата и да ја подобри хидратацијата на кожата. Може да задржи до 1000 пати повеќе вода, од сопствената тежина. Другата се инфилтрира во епидермисот за да ја третира кожата одвнатре, враќајќи го комфортот и затегнатоста.
    - Алое вера, вистинска рок ѕвезда кога станува збор за сензитивна кожа. Нанесено директно на кожата за да третира изгореници и изгореници од сонце, има антивоспалителни и смирувачки својства. Содржи витамини, микронутриенти и аминокиселини. Тој е моќен хидрататор (помага да се задржи вода) и го обновува волуменот и ја омекнува кожата. Збогатен со антиоксиданти, исто така се бори со стареењето.

    50,45% состојки од органско потекло

    100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

    КАКО СЕ КОРИСТИ: Нанесете го наутро или навечер на чисто лице. 

    СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER), CALENDULA OFFICINALIS FLOWER WATER*, GLYCERIN, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER*, ERYTHRITOL, SODIUM CITRATE, CUCUMIS SATIVUS (CUCUMBER) FRUIT EXTRACT*, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, MALVA SYLVESTRIS (MALLOW) FLOWER EXTRACT*, HYDROLYZED HYALURONIC ACID, GLUCONOLACTONE, SODIUM GLUCONATE, SODIUM LACTATE, SCLEROTIUM GUM, PARFUM (FRAGRANCE), SODIUM BENZOATE, SODIUM BENZOATE, CITRIC ACID, CYAMOPSIS TETRAGONOLOBA (GUAR) GUM, XANTHAN GUM, PHENETHYL ALCOHOL, SODIUM HYALURONATE, BIOSACCHARIDE GUM-1, LEUCONOSTOC/RADISH ROOT FERMENT FILTRATE, BENZOIC ACID, SODIUM LEVULINATE, GLYCERYL CAPRYLATE, CALCIUM GLUCONATE, SODIUM ANISATE, GERANIOL, CITRONELLOL, CITRAL.