• Масичка за домашен фудбал

    Оваа неверојатно забавна играчка нуди безброј среќни и посебни моменти не само кај децата туку и кај возрасните. Овозможете си совршена забава на роденденските, семејните и секаков друг вид собири со оваа супер забавна играчка.

    • Направена е од посебни, специјални материјали според европски стандарди, наменета за европски пазари.
    • Нуди долготрајност, квалитет и секако безбедност при употреба кај децата.
    • Може да ја користат и деца и возрасни.
    • Стабилна конструкција, опремена со 4 ногарки, нуди комплетна стабилност на масичката за време на играта.
    • По 12 играчи од едната страна.
    • Во сетот добивате вкупно две топчиња за играње.
    • Лесна за пренесување, ќе можете да ја поставите каде и да посакате.
    • Идеална за користење во домашни услови и на отворено.
    • Совршен дизајн со заоблени агли, како превенција од удар.
    • Детал на самата маса што нуди запишување на резултатот по голови.

    Димензии на масичката: 79,5 x 61.5 x 26 cm    

  • Детска играчка - Хокеј на мраз

    Овозможете им на Вашите деца совршена забава на роденденските забави, семејните собири или едноставно кажано, било каде и во било кое време, со новата супер забавна играчка- хокеј на мраз што ќе овозможи загарантирана забава и заинтересираност кај децата со часови.

    Поставете ја на било која рамна површина, и забавата може да почне!!

    Оваа детска супер кул играчка ќе можете да ја пренесувате и да ја поставите каде и да посакате, а Вашите деца ќе уживаат и ќе се забавуваат максимално.

    Изработена е од високо квалитетни материјали, по европски стандарди исто така наменета за европски пазари.

    Нуди долготрајност, квалитет и секако безбедност за употреба кај деца.

    Со оваа супер забавна играчка, децата не само што ќе уживаат и ќе се забавуваат, исто така ќе ги развијат своите вештини и својата фина моторика. Ќе ја подобрат концентрацијата, релакцијата око- рака, а воедно и својата брзина и подвижност.

    На крајот од денот тие ќе бидат уморни и среќни, а Вие задоволни од глетката што ја гледате пред себе.

    Не чекајте, нарачајте ја масичката за хокеј на мраз и загарантирајте си убав помин на секоја забава.

    Димензии на масичката: 76 x 38 x 9 cm

  • Магични 3Д пенкала

    Магичните пенкала за обликување му дозволуваат на Вашето дете да ја развива својата креативност, дизајн, планирање, градење  и разбирање на просторот. Тоа им помага на децата да ја го подобрат просторното размислување, креативноста и уметничките вештини. Исто така помага за подобрување на фината моториката, како и нивото на концентрација и релацијата око- рака.

    Овие магични 3Д пенкала ќе Ви овозможат да дизајнирате креативни рамки и 3Д модели какви ќе посакате.

    Без никакви тешкотии ќе можете да го обликувате ликот од Вашиот омилен цртан филм, да направите креативен натпис и сл.

    Се што треба да направите е да го приклучите пенкалото за напојувањето, вметнете го PLA филаментот во отворот на пенкалото откако ќе се загрее, претиснете го копчето за вчитување и обликувањето на 3Д фигури може да почне.

    Оваа магична алатка е одлично решение за ослободување од стресот и како алтернатива на боенките за внимателност со што ќе го пополни Вашето слободно време со нешто што комплетно ќе ве опушти и релаксира.

    Може да го користат и возрасни и деца, а исто така времето поминато заедно со Вашето дете ќе Ви ја подобри комуникацијата и врската што ја имате еден со друг.

    Магичното 3Д пенкало нуди повеќе опции како опција за брзина, опција за прилагодување на температурата,  опција за режим на пенкалото и сл.

  • Детска играчка- Тапани Jazz drum

    Џез тапаните се совршена играчка за забава и релаксација на Вашите малечки, а во исто време и да ги развијат своите музички способности, стимулирање на креативноста,моторичките вештини и координацијата око- рака.

    Играчката дава јасни и гласни звуци на вистински тапани. Сетот е направен од високо квалитетни материјали кој обезбедуваат јасни звуци, така што детето ќе може да произведува одлична музика на него.

    Ова е дефинитивно една од едукативните музички играчки кои промовираат рано учење и забрзан развој на музичкиот потенцијал кај децата. Исто така играчката е идеална за подигање на нивото на интеракција помеѓу родителот и детето.

    Димензии на сетот: 38.40 x 30.70 x 37.40 CM

  • Детска играчка Power launcher rocket

    Безбедни и сигурни детски играчки се нешто што сите го посакуваме за нашите деца. Секогаш безбедноста и сигурноста на Нашите деца треба да биде приоритет и да се базираме според тие две нешта за какви играчки ќе се одлучиме да купиме.

    Баш со таа цел, Ви ја претставуваме новата детска играчка Power launcher rocket или “Ракета со моќен фрлач”, која е направена од специјални материјали, безбедни за употреба кај најмалите генерации. Играчката е изработена според европски сертификати, специјално дизајнирана по европски стандарди за европски пазари. Најголем дел од изработката е од мека пена, безбедна за користење без притоа да има опасност од удар.

    Оваа супер забавна играчка ќе донесе смеа и радост кај децата по цел ден, а Вие ќе уживате во прекрасната глетка и со сигурност ќе сакате да им се придружите.

    Играчката е составена од лансер или така наречена база од каде што се фрлаат ракетите во воздух, со вграден дел за притискање со нога и три ракети за лансирање.

    Се што треба да направите е да скокнете врз делот за претискање и на тој начин ракетата ќе се оддели од базата и ќе се вивне во воздухот. Колку посилен е Вашиот скок, толку повисоко ќе ја лансирате Вашата ракета.

    Вашите малечки ќе се чувствуваат како да се во свој, сопствен свет, свет каде што тие самите лансираат ракети а во исто време и ќе ги усовршуваат своите вештини и ќе ја развиваат својата фина моторика. Тие не само што ќе уживаат и ќе се забавуваат, исто така ќе ги привлечат своите мисли преку играта со прилагодување на аголот на летање на ракетата, моќта на скокање и траекторијата на летот и ќе ја стимулираат нивната имагинација.

    Оваа супер кул играчка е идеална за настани на отворено како роденденски забави, неделен ручек со најблиските, разни собиранки, семејни активности и сл.

    Играчката не зафаќа воопшто простор, па така ќе можете да ја носите секаде со Вас.

  • Детски шатор Spiderman

    Влезете во магичниот и возбудлив свет на Спајдермен и авантурата со Вашите омилени цртани ликови може да започне. Благодарение на уникатниот и специфичен дизајн на овој супер забавен детски шатор, Вашите малечки ќе уживаат максимално и ќе се чувстуваат како да се во светот на Спајдермен и со ликовите од нивниот омилен цртан филм.

    • Дизајнот на шаторот е направен по специјални стандарди, по европски сертификати наменет за европски пазари.
    • Изработен е од цврста и тенка ткаенина, лесна за одржување и чистење.
    • Материјалот е нетоксичен, водоотпорен и секако безбеден за употреба на деца.
    • Дишењето на децата ќе се одвива без никакви проблеми, бидејќи материјалот дозволува да влегува слободно воздух внатре во шаторот.
    • Профилите на шаторот се изработени од обложени челични рамки и засилен флексибилен фиберглас, обложени со мека ткаенина која не дозволува непријатности и повреди.
    • Лесно се поставува и се собира, во рок од само неколку секунди.
    • Лесен е и воопшто не зафаќа простор кога е соберен, па така ќе можете да го носите секаде со Вас кога патувате или кампувате, за авантурата и доживувањето на Вашите најмили да биде на највисоко ниво.
    • Дизајнот на шаторот дозволува да си играат повеќе деца од еднаш.
    • Идеален е за забава на роденденски забави, карневалски забави, пикник, традиционалните преспивања и сл.

    Шаторот може да го користат деца од најмала возраст, не поседува ситни делови и нема опасност кај најмалите.

    Се што треба да направите е да го поставите шаторот на идеалното место и магијата во светот на храбриот Спајдермен може да почне.

    Димензии на шаторот: 70x70x70 cm

  • Детски шатор LOL Surprise

    Влезете во магичниот свет на куклите LOL и авантурата со Вашите омилени цртани ликови може да започне. Благодарение на уникатниот и специфичен дизајн на овој супер забавен детски шатор, Вашите малечки ќе уживаат максимално и ќе се чувстуваат како да се во светот на LOL и со ликовите од нивниот омилен цртан филм.

    • Дизајнот на шаторот е направен по специјални стандарди, по европски сертификати наменет за европски пазари.
    • Изработен е од цврста и тенка ткаенина, лесна за одржување и чистење.
    • Материјалот е нетоксичен, водоотпорен и секако безбеден за употреба на деца.
    • Дишењето на децата ќе се одвива без никакви проблеми, бидејќи материјалот дозволува да влегува слободно воздух внатре во шаторот.
    • Профилите на шаторот се изработени од обложени челични рамки и засилен флексибилен фиберглас, обложени со мека ткаенина која не дозволува непријатности и повреди.
    • Лесно се поставува и се собира, во рок од само неколку секунди.
    • Лесен е и воопшто не зафаќа простор кога е соберен, па така ќе можете да го носите секаде со Вас кога патувате или кампувате, за авантурата и доживувањето на Вашите најмили да биде на највисоко ниво.
    • Дизајнот на шаторот дозволува да си играат повеќе деца од еднаш.
    • Идеален е за забава на роденденски забави, карневалски забави, пикник, традиционалните преспивања и сл.
    • За забавата и доживувањето да биде уште поголемо, со самиот шатор добивате мали слатки топчиња во различни бои.

    Шаторот може да го користат деца од најмала возраст, не поседува ситни делови и нема опасност кај најмалите.

    Се што треба да направите е да го поставите шаторот на идеалното место и магијата во светот на куклите LOL може да почне.

    Димензии на шаторот: 90x70x70 cm

  • Детски шатор Paw patrol bus

    Вашата мисија како возач на Paw patrol автобусот е започната!

    Влезете во магичниот автобус и авантурата со Вашите омилени цртани ликови може да започне. Благодарение на уникатниот и специфичен дизајн на овој супер забавен детски шатор, Вашите малечки ќе уживаат максимално и ќе се чувстуваат како да се во светот на Paw Patrol и со ликовите од нивниот омилен цртан филм.

    • Дизајнот на шаторот е направен по специјални стандарди, по европски сертификати наменет за европски пазари.
    • Изработен е од цврста и тенка ткаенина, лесна за одржување и чистење.
    • Материјалот е нетоксичен, водоотпорен и секако безбеден за употреба на деца.
    • Дишењето на децата ќе се одвива без никакви проблеми, бидејќи материјалот дозволува да влегува слободно воздух внатре во шаторот.
    • Профилите на шаторот се изработени од обложени челични рамки и засилен флексибилен фиберглас, обложени со мека ткаенина која не дозволува непријатности и повреди.
    • Лесно се поставува и се собира, во рок од само неколку секунди.
    • Лесен е и воопшто не зафаќа простор кога е соберен, па така ќе можете да го носите секаде со Вас кога патувате или кампувате, за авантурата и доживувањето на Вашите најмили да биде на највисоко ниво.
    • Шаторот во форма на автобус, има вкупно два отвори, што значи дека дизајнот на шаторот дозволува да си играат повеќе деца од еднаш.
    • Идеален е за забава на роденденски забави, карневалски забави, пикник, традиционалните преспивања и сл.

    Шаторот може да го користат деца од најмала возраст, не поседува ситни делови и нема опасност кај најмалите.

    Се што треба да направите е да го поставите шаторот на идеалното место и магијата во светот на Paw Patrol може да почне.

  • Детска играчка Racing game

    Детска супер забавна играчка Racing game со која Вашето дете ќе се почувствува како вистински, професионален возач по улиците и ќе ја развие својата имагинација и моторика.

    Оваа уникатна и иновативна играчка ќе придонесе Вашето дете да се социјализира и да ги развие вештините за социјализирање, затоа што играчката е наменета да се игра и со повеќе луѓе.

    Играчката е идеална за поттикнување на мисловен процес и концентрација, просторно ориентирање и организирање, како и моторички развој на раката, координација око- рака и сл.

    Во сетот Racing game добивате

    • сет од вкупно 12 мали автомобилчиња
    • автомобилска патека со димензии 145x100 cm и
    • коцка за фрлање.

    На детската смеа и радост ќе им нема крај, тие ќе се чувствуваат како да се во сопствен свет и ќе играат со часови, а Вие ќе уживате во глетката што ја гледате и сигурно ќе одлучите да им се придружите.

  • Детска играчка Paw Patrol Mat game

    Детска супер забавна играчка Paw Patrol Mat game со која Вашето дете ќе се почувствува како вистински, професионален возач по улиците и ќе ја развие својата имагинација и моторика.

    Оваа уникатна и иновативна играчка ќе придонесе Вашето дете да се социјализира и да ги развие вештините за социјализирање, затоа што играчката е наменета да се игра и со повеќе луѓе.

    Играчката е идеална за поттикнување на мисловен процес и концентрација, просторно ориентирање и организирање, како и моторички развој на раката, координација око- рака и сл.

    Во сетот Paw Patrol Mat game добивате

    • сет од две мали автомобилчиња
    • автомобилска патека со омилените цртани ликови од Paw Patrol и
    • коцка за фрлање.

    На детската смеа и радост ќе им нема крај, тие ќе се чувствуваат како да се во сопствен свет и ќе играат со часови, а Вие ќе уживате во глетката што ја гледате и сигурно ќе одлучите да им се придружите.

  • Друштвена игра – Jenga

    Друштвената игра Џенга нуди загарантирана забава и смеа со часови. Идеална е за мали настани и собири како роденденски забави, карневалски забави, канцелариски собири, пикник, неделни ручеци и сл.

    Нуди забава и игра за сите возрасти, може да играат и деца и возрасни.

    • Сетот се состои од вкупно 48 нумерирани дрвени плочки.
    • На почетокот од играта се редат сите плочки во форма на купа по три плочки на еден ред.
    • Секој од играчите треба да извади по една плочка и да ја стави на врвот од кулата, без таа да се сруши. Кога кулата ќе биде срушена од еден од играчите, играта завршува.
    • Играта можете да ја играте и со коцки на начин што секој ги фрла коцките и се собира збирот на сите коцки, па така играчот е должен да ја извади бројот на плочката што е ист со збирот од коцките.
    • Може да ја играат двајца играчи и повеќе.
    • Изработена е од високо квалитетно дрво што нуди долготрајност и квалитет при удар и пад на плочките.

    Кај децата пак, Џенгата буди посебни чувства и емоции бидејќи тие можат да се забавуваат и да си играат со плочките со часови, а со тоа да ги развиваат своите вештини и фината моторика за концентрација, одржување рамнотежа и баланс, фокусирање и сл.

    Можат да градат кули, поточно кажано можат да ги редат плочките во сите форми.

  • Детска играчка Slide ball

    Уникатна и иновативна супер забавна детска играчка Slide ball што ќе донесе многу смеа и среќни моменти во Вашиот дом.

    • Во оваа играчка може да уживаат деца од 6 месеци нагоре.

    Играчката е специјално дизајнирана да ја поттикне и да ја подобри моториката на Вашето бебе уште од најрана возраст, да ги усоврши и развие основните вештини за прецизност.

    • Играчката е одлична за развој на фина моторика, развој на мускулатурна група во пределот кај главата, координација око- рака и одлична сензорна игра.
    • Исто така играчката им помага да изградат познавање на боите и броевите уште од најрано детство.

    Изработена е од високо квалитетни материјали, поточно високо квалитетна ABS пластика која не е токсична и е најбезбедна за користење кај најмалите генерации.

    Избработена е по европски сертификати за европски стандарди и пазари.

    Во пакетот добивате вкупно три мали топчиња што треба да ги внесете во отворот на врвот од играчката и тие ќе почнат да се тркалаат надолу по патеката во вид на лизгалка.

    Топчињата во себе содржат тропки кои дополнително создаваат возбудливи и супер забавни моменти кај најмалите.

  • Детска играчка Спајдермен со количка

    Внесете магија и забава во игрите на Вашите најмили со омилениот лик од цртаните- Спајдермен која нуди загарантирана забава и незаборавни среќни моменти.

    • Играчката е изработена од високо квалитетна ABS пластика што нуди долготрајност, квалитет и пред се безбедност за користење кај најмалите.
    • Има звучни ефекти.
    • Се движи во еден правец.
    • Светлосни ефекти.
    • Не поседува ситни делови, може да се користи и кај најмалите генерации.
    • Работи на батерии.
  • Детска играчка Маша

    Внесете магија и забава во игрите на Вашите најмили со омилениот лик од цртаните- Маша која нуди загарантирана забава и незаборавни среќни моменти.

    • Играчката е изработена од високо квалитетна ABS пластика што нуди долготрајност, квалитет и пред се безбедност за користење кај најмалите.
    • Ротира за 360 степени.
    • Има звучни ефекти.
    • Се движи во сите правци.
    • Светлосни ефекти.
    • Не поседува ситни делови, може да се користи и кај најмалите генерации.
    • Работи на батерии.
  • Детска играчка - Paw Patrol Gas Station

    Овозможете му на вашето дете да влезе во светот на своите омилени цртани јунаци, ликовите од цртаниот филм Paw Patrol. Овој сет е со тема Бензинска Станица, иста како и во цртаниот филм. Забавата започнува уште со самото склопување на бензинската станица, а врвот се достигнува кога конечно ќе ја пушти во функција. Доаѓа во пакет со многу забавни додатоци.

    Димензии на пакувањето: 55х32х9cm

  • Детска играчка Paw Patrol Mission Cruiser

    Мисија Paw Cruiser: Ставете ги омилените кученца и возила во камиончето и пуштете ги за спасувачка мисија! Овој сет го вклучува кучето Робо и неговото мини возило, има и светла и звучни ефекти, плус екран и картичка за анимирана мисија. Може да собере до 3 спасувачки тркачки возила.
     
    Подготвени за спасување: Туркајте ја страничната врата и пуштете ги кученцата во нивните возила! Притиснете го копчето за активирање на екранот и прегледување на картичката за анимирана мисија што ве испраќа во ексклузивна мисија за вас и за малите PAW Patrol херои.
     
    Мали херои: Кученцата од PAW Patrol се спасувачки кучиња на обука, инспирирани од работни места во реалниот свет, како пожарникар, полицаец и градежен работник. Кога ќе се појават проблеми, тие се тука за да го спасат денот, без разлика дали станува збор за мачка на дрво или воз надвор од пругите
     
    Учењето направено забавно: PAW Patrol е забавен начин да ги научите Вашите најмили на храброст и херојство, со возбудливи приказни кои никогаш не стануваат премногу застрашувачки. Фигурите и играчките на PAW Patrol го ставаат вашето дете задолжено за часови интерактивна и забавна авантура.

  • Детска играчка Paw Patrol Heroes

    Подгответе се за авантура со спасувачките кученца од Paw Patrol! Секој детално направен лик и возило ја доведува имагинацијата, херојството и храброста на шоуто токму во вашиот дом!

    Соберете ги сите кученца и работете заедно како тим! Соберете ги Маршал, Рубл, Чејс, Роки, Зума и Рајдер со нивните уникатни Paw возила!

    Со уникатна мешавина од вештини за решавање проблеми, кул возила и многу симпатичен хумор, кученцата PAW работат заедно на мисии за спасување со високи влогови за да се заштити заедницата Авантуристички залив!!

  • Тобоган - Peppa Pig

    Музичкиот тобоган со светлечки ефекти и омилениот лик на вашето најмило - Peppa Pig претставува неверојатна забава и задоволство за детето.

    Карактеристики:

    ✅ Работи на 3 АА батерии.

  • Детска играчка - Talking Tom

    Едукативна и забава играчка.

    Мачорот Том оживеа, излезе од апликациие за Smart уредите!!! Вашето дете ќе го обожава овој мачор. Играчка која е идеална за децата кои треба да прозборат затоа што ќе ги ослободи за да прозборат.

    Играчка која разговара, се смее и повторува зборови е идеална за децата кои учат да зборат бидејќи мачорот Том го повторува секој збор кој детето ќе го изговари, а притоа ги анимира за побрзо да се ослободат и уште повеќе да зборуваат.

    Кажете нешто и Том веднаш истиот збор ќе го повтори. Има различни реакции со притискање на лицето, шепите, опашката и стомакот.

    Вашите деца ќе бидат воодушевени од играчката бидејќи Том ќе разговара со нив притоа повторувајќи се што Вашето дете ќе каже со препознатливиот, нежен и забавен глас.

  • Baby Alive интерактивна кукла

    Малите девојки ќе може да ја имаат љубовта и забавата како со вистински бебиња со овие неверојатно забавни и реални кукли. Меки и одлични за гушкање, овие мали Baby Alive кукли ќе се приврзат за Вашите мали принцези и константно ќе бараат внимание во форма на играње, храна и гушкање.
     
    Куклата ќе ѝ каже кога ќе биде гладна, кога ќе ѝ се спие или нешто друго, бидејќи знае повеќе од 30 фрази на англиски јазик. Куклата може да пие вода и да врши нужда, што секако ќе ја научи на Вашата принцеза за имање сериозни обврски.
     
    Со куклата добивате  прибор за јадење, пелени за променување кога ќе изврши нужда и шишенце за пиење вода. Изработена е од високо квалитетни материјали кои се безбедни за Вашите малечки. Куклата е висока 41cm.
     
    Карактеристики:

    • Изгледа како вистинско бебе
    • Сака да зборува, да се смее и да си игра
    • Може да се храни и да ѝ се менуваат пелени
    • Висина на куклата: 41cm
    • Може да пие вода
    • Кажува 30 фрази